Македонија
7. July 2016 - 16:09

Ковачевски: Екстерното треба целосно да се укине

СДСМ смета дека законските измени кои се однесуваат на екстерното тестирање, се само привидно прикривање на проблемот и оти тоа треба целосно да се укине.

- Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите кои ги нанесе. Само се обидуваат да ги ублажат последиците по нивниот рејтинг. Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од екстерното да не влезат во општиот успех се само привидно прикривање на проблемот, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски.

Иако, додаде тој, привидно се олеснува како процес за оценување на учениците, контролниот механизам за наставниците и понатаму останува со сите свои штетни последици. Екстерното оценување, како  што рече. наместо дополнително да се усложнува треба целосно да се укине.

-  Напоменуваме дека владата предводена од СДСМ, како прва мерка во образованието ќе го укине екстерното оценување. При тоа и ќе ги поништиме сите оценки добиени од екстерното оценување во една законска процедура, истакна Ковачевски.

За лошите политики во образованието, рече, говори и фактот што одлучува со амандмански интервенции да го корегира и законот кој го донеле пред нецели 7 дена за формирање на универзитетот „Дамјан Груев“, па дури и законот со кој ја формирале Академијата за наставници.