Ковачевски: Да ја зацврстиме вербата во заедништвото
Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод и до сите верници по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.
- Победата на животот над смртта што ја симболизира Велигден, е силна порака за успехот на храбрите одлуки, кога се носат со искрена верба во заедничкото добро. Во овие времиња на војна на европскиот континент и на светска економска и енергетска криза, повеќе од потребна е обновата на гласот на совеста кај секого и издигнување над лични интереси, со цел заедно да ги осигураме просперитетот и перспективите на сегашните и идните генерации. Како што покажува и овој празник, исправниот пат ја искушува вербата, за да ја зацврсти волјата со којашто единствено можно да се постигнат колективниот мир и благосостојба, пишува во честитката.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар