Костовски: Законот за јазиците нема да ги доближи Македонците и Албанците, туку ќе го зголеми јазот
СДС го злоупотреби европското знаменце за наметнување и гласање на закон за двојазичност. СДС ги излажа македонските граѓани и ги злоупотреби евроинтегративните процеси за реализирање на обврските преземени од Тиранската платформа.
Владата покажа дека за неа законите не значат ништо, затоа се обиде да ја заобиколи редовната процедура во Собранието, која овозможува реална дискусија и можност за амандманска расправа и ја злоупотреби постапката за донесување на закони од важност за европски интеграции на државата.
Законот за двојазичност не е дел од процесот на интеграција на државата и е целосно неуставен. Владата треба да сноси одговорност за ова манипулација со граѓаните.
Еврокомесарот Јоханес Хан, при неговата посета на државата јасно и децидно кажа дека законот за двојазичност не е еден од приоритети потребни за интеграцијата во ЕУ. СДС се обидуваа крајно манипулативно да ги излажат граѓаните под превезот на закон потребен за европската интеграција на државата да донесат неуставен закон.
Ова неодговорно однесување на владата и поигрување со нашата европска интеграција и иднината на државата воопшто и истото не смее да остане без одговорност. СДС си поигра со евроинтегративните процеси на нашата држава, за реализирање на обврските преземени од Тиранската платформа. Ова само покажува дека приоритет на оваа влада не се граѓаните и нивните интереси, туку спроведување на Тиранската платформа.
Граѓаните и државата се жртва на обврските на СДС кон оние кои спротивно на волјата на народот ги донесоа на власт. СДС не работи за доброто на граѓаните и државата.
ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека овој закон не носи реален бенефит за граѓаните. Овој закон нема да ги доближи Македонците и Албанците, туку напротив уште повеќе ќе го зголемат јазот.
Двојазичноста која СДС упорно сака да ја спроведе креира две паралелни општества во Република Македонија и на долг рок сериозно го загрозува нејзиниот сегашен карактер.
Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура