Костадиновски: Големи штети од врнежите и во земјоделството
Од завчерашните обилни врнежи огромни штети претрпеа и земјоделците, оцени денеска ресорниот заменик министер Ванчо Костадиновски по денешната посета на тетовскиот регион.
Според првичните податоци и проценката на жителите, како што рече, уништени се над 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка,..., особено во Голема Речица.
- Состојбата е многу тешка и трагична. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите кои навистина претрпеа големи загуби. И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна проценка на штетите и како што беше владината одлука за ургентна помош од 30.000 денари за оштетените домови, ќе биде определена и помош за првично обесштетување на земјоделците од уништените парцели, како и уништената сточна храна, други посеви, стока,..., изјави Костадиновски.
Во Голема Речица, заменик-министерот посети ниви, ораници и други уништени земјоделски површини на жителите.
Ново на Сител
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис