Македонија
17. April 2024 - 12:29

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска

Министерката за култура ќе ја тужи скопската градоначалничка, поради, како што рече, инсинуациите и небулозите дека „знаела за пожарот во Универзална, но не пријавила веднаш“.

Костадиновска-Стојчевска ја обвини Арсовска за политиканство и медиумска манипулација и кажа дека сака да ја спречи реконструкцијата на сега запалената сала. Министерката не кажа зошто се запали, но и кога, каде и на која вредност е осигурана Универзална.