Костадинов: Пратениците на Левица се од минатиот век
СДСМ останува на својот став во однос на резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, но останува прашањето дали опозициската партија навистина сака и да се усвои самата резолуција таква каква што е или сака преку таквата резолуција да си тера дневна партиска политика, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
– На крајот на денот во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ можат да си прават какви сакаат приказни. Парламентот е нешто друго. Во Парламентот треба да дебатираме, во Парламентот треба да одлучуваме. Република Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име. Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата таков каков што е, е прифатлив согласно Уставот. Овде се отвора прашањето дали со таквото прифаќање на резолуцијата како што тие ја поднесуваат може да направиме штета на интеграцискиот процес на Република Македонија, дали можеби конечно од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне над партиските интереси и ќе го прифати Преспанскиот договор со што навистина имаме одлична основа да ги зајакнеме и да ги заштитиме националните интереси, рече Костадинов.
Тој најави дека пратеничката група на СДСМ ќе го разгледа документот и ќе одржи координација на која ќе заземе став за резолуцијата.
Според него, не треба да има дилеми бидејќи ставот на СДСМ е јасен.
– Преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има, рече Костадинов.
По најавата на Левица дека поради Законот за државјанство со европско знаменце што го предлага Владата ќе ги блокира сите закони на парламентарното мнозинство, Костадинов изјави дека двајцата пратеници од оваа партија се политичари од минатиот век, а не модерни политичари.
Костадинов обвини дека Левица и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во одредени ситуации блокираат законски решенија.
– Не е само законот за државјанство којшто опозицијата, овде мислам и на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да го блокираат или во одредени ситуации брутално ги блокираат законските решенија. Станува збор за политичка партија која што има свои претставници, двајца во рамки на Парламентот, кои што ако добро направиме анализа ќе видиме дека ги нема на работа во најголем дел од времето. Во рамки на комисиите каде што практично се креираат законските решенија, кога мислам на решенија мислам токму на тоа, го имаат целосното демократско, деловничко право како пратеници да подобруваат одредени текстови на Законот. Наместо тоа двајцата пратеници решиле да блокираат, рече Костадинов.
Според портпаролот на СДСМ Костадинов, двајцата пратеници на Левица приличат на политичари од некои поранешни векови, а не на модерни политичари.
– Тоа е слика и пример како не треба модерниот македонски политичар да изгледа. Модерни политичари нудат решение, поддржуваат закони кои што решаваат проблеми, кои што го унапредуваат и го подобруваат животот на сите граѓани, рече портпаролот на СДСМ.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството