Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека заменик-директорот на косовската полиција Дејан Јанковиќ е ослободен од српските власти, откако во средата беше уапсен на границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Јанковиќ од средата се наоѓаше во притвор во Рашка, југозападна Србија, откако претходно истиот ден беше приведен на граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија.
Во синоќешното соопштение на косовското МНР се вели дека тој е на пат за Косово.
„МНР ја информира јавноста дека претставникот на канцеларијата на Република Косово во Србија, амбасадорот Јетиш Јашари, потврди дека заменик директорот на косовската полиција Дејан Јанковиќ штотуку е ослободен и е на пат за Косово. Во иднина ќе бидете известени за повеќе детали“, се вели во соопштението објавено синоќа на Фејсбукот на МНР.
Шефицата на косовската дфипломатија, Доника Гервала апсењето на Јанковиќ го нарече „очајнички чин на одмазда од Србија по масовното гласање на Парламентарното собрание на Советот на Европа“ за прием на Косово во таа организација.
Косовските власти го осудија приведувањето на заменик директорот на полицијата, барајќи негово итно ослободување и одговор од меѓународната заедница.
Актот на српските власти го осудија и претставници на западните дипломатски претставништва и на ЕУ во Приштина, меѓу кои и германскиот амбасадор, Јорн Роде, кој рече дека ваквото однесување на Белград е „неприфатливо за држава која цели кон членство во ЕУ“.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло со слаб северен ветер
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки