Балкан
4. August 2015 - 19:32

Косовската полиција заедно со ФБИ упаси тројца хакери

Косовската полиција заедно со американското Федерално биро за истражување (ФБИ) уапси тројца косовски граѓани на возраст од 23 до 26 години, кои се осомничени за киберкриминал.

Обвиненијата против тројцата уапсени се однесуваат на „кражби на лични и банкарски податоци и интернет продажба на штетен софтвер, кој ги заразува компјутерите“.

Полицијата соопшти дека се извршени повеќе претреси во два града во Косово и биле конфискувани шест лаптопи и друга опрема, без да соопшти повеќе детали.