Балкан
31. July 2022 - 20:44

Косовската полиција ги затвори премините Брњак и Јариње

Косовската полиција вечерва соопшти дека ги затворила премините Брњак и Јариње за патнички сообраќај и возила.

Во соопштението објавено на Фејсбук страницата на полицијата се наведува дека премините се затворени поради блокадите на патиштата кон Јариње и Брњак. Граѓаните се известуваат за сообраќај да користат други премини.