Кошаркарската јавност во САД во шок по претепувањето на судијата на детскиот турнир
– Многу американски кошаркарски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи за да го изразат својот бес поради инцидентот на јуниорскиот кошаркарски турнир во округот ДеКалб, Џорџија.
Натпреварот наречен „Love Of The Game“ во христијанската црква „Stronghold“ предизвика контроверзии и полициска истрага откако беше објавено видео како тинејџери кошаркари на игралиште тепаат судија.
Неколку 14-годишни спортисти аматери од тимот на Дрим Тим Елит, соборија на под еден од судиите и почнаа да го клоцаат. Во исто време, останатите сведоци на инцидентот, вклучително и другите судии, едноставно од страна го следеа инцидентот. Нападот траеше околу 15 секунди, по што кошаркарите се повлекоа.
При санирање на повредите, судијата доби 30 конци.
Дрим Тим Елит е дисквалификуван, а на насилниците тинејџери им се заканува кривично гонење.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани