-->
-->
Кошаркарките на Бадел по трет пат триумфираа во Купот на Македонија
-->
Кошаркарките на Бадел 1862 по трет пат во низа се победнички во Купот на Македонија. Во финалето на 24-то издание што се одржува во Гевгелија екипата на Бадел убедливо со 88-58 го совлада Лотос.
Најефикасна во победничката екипа беше Александра Стојановска со дабл-дабл учинок од 23 поени и 12 скокови, додека Нена Трајчевска која во финалето постигна 21 поен, беше прогласена за МВП.
Вечерва од 19:30 се игра машкото финале во кое актуелниот македонски првак МЗТ Скопје А. ќе атакува на 8 трофеј во Куп натпреварувањето и тоа во дуел против Карпош Соколи тим за кој ова е прв финален натпревар.
Досегашни седум екипи го освојувале на трофејот во националниот куп во машка конкуренција, а најмногу Работнички кој има 9 трофеи. По него следуваат: МЗТ Скопје (7), Никол Ферт Гостивар (2), Фени Индустри (2), Вардар Осигурување (1), Деликатес Кочани (1) и Амак СП Охрид (1).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале