Кошарка ќе се игра од 31.октомври
„Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври.
Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со која ќе потврди дека ќе ги почитува општите мерки за превенција и заштита од Ковид-19 кои важат во делокругот на кошаркарскиот спорт, како и дека ќе ги почитува најавените протоколи за превенција и заштита од Ковид-19, од страна на надлежните државни органи и од страна на федерацијата. Вклучително и посебните мерки за превенција и заштита од Ковид-19 наложени од организаторот на натпреварувањата во рамките на федерацијата.
Федерацијата секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето“, стои во соопштението кое е објавено на интернет-страницата на Кошаркарската федерација на Македонија.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228