Коронавирусот покосува: Починати 11.271, заразени 270.069 лица!
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 270.069 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.271, а оздравеле 90.603 лица.
Франција – Нови 78 смртни случаи во изминатите 24 часа.Вкупно 450 починати од новиот коронавирус досега.
Бразил – Властите најавија „нула“ стапка на раст поради Ковид-19
Британија – Владата ќе покрие 80 отсто од платите на работниците кои се заболени од Ковид-19.
Њујорк – Сега сите сме во карантин, изјаби гувернерот на американската држава Њујорк Eндрју Куомо. Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус двојно зголемен за три дена во САД – на 218 и над 14.600 заразени. Бројот на заразени во Њујорк е над 7.000.
Полска – До католички Велигден (12-13 април) ќе бидат затворени училиштата
Европа – Над 2.600 американски војници се во доброволен карантин во Европа.
БиХ – Во Федерацијата БиХ забранија луѓе над 65-годишна возраст и на млади под 18 години да излегуваат од домовите.
Ново на Сител
-
Британската полиција се подготвува за антимуслимански немири и контрапротести
-
Се уште активен пожарот меѓу селата Ореше и Папрадиште во општина Чашка
-
Казнети полицајци кои не казниле возач кој со Порше возел со 272 км/ч
-
Приколка од товарно возило усмрти маж од Младо Нагоричане
-
Угина слоницата во ЗОО, имало обид за тајно да се однесе во Дрисла | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Бран протести во Србија против ископ на литиум, в сабота најавен масовен протест во Белград
-
Вашингтон Пост: Израел предизвикал гнев во Белата куќа откако соопштил дека го ликвидирал Ханија
-
ЦУК: Вкупно 41 пожар на отворено вчера, шест се активни