Еден мртов, осуммина заробени под урнатини откако се сруши хотел во Германија
Едно лице е пронајдено мртво, а осум други се заробени под урнатините откако делумно се урна хотел во германската покраина Рајнланд-Пфалц, соопшти полицијата во средата наутро.
Меѓу затрупаните, некои се тешко повредени, соопшти полицијата. Спасувачките операции се во тек на местото на несреќата, во градот Кров во Мозел, на околу 100 километри западно од Франкфурт.
„Неколку луѓе можеа сами да ја напуштат зградата и за нив се грижат службите за итна помош“, соопшти полицијата.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека делови од катната зграда се урнати, а бетонски остатоци се на теренот.
Јавната мрежа SWR извести дека пожарникарите првично не можеле да влезат во зградата поради опасност од уривање.
Соседните згради се евакуирани поради страв дека зградата може дополнително да се урне.
Сѐ уште не е јасно што ја предизвикало несреќата во вторникот вечерта.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари