Коронавирусот однесе повеќе од 100 животи: Бројот на заразени во Кина се зголеми за 4.500 лица
Бројот на починати од коронавирусот во Кина надмина 100, а потврдено е дека има повеќе од 4.500 заразени, пренесува Си-Ен-Ен, наведувајќи дека американските власти веќе ги предупредија граѓаните да не патуваат во Кина доколку не е неопходно.
Светските агенции прецизираат дека бројот на жртвите се зголеми на 106 и дека е регистрирана и првата жртва во Пекинг.
Властите во Хубеј, кинеската провинција каде што е жариштето на епидемијата, соопштија дека се потврдени уште 1.300 нови случаи на заразени, од кои поголем број се во болница, а 125 од нив се во тешка состојба.
Американскиот Центар за контрола и спречување болести издаде предупредување за патување од трето ниво, наведувајќи дека треба да се избегнува секое патување во Кина кое не е неопходно. Притоа се посочува дека кинеските власти воведоа карантин и го ограничуваат патувањето низ земјата.
Ново на Сител
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО