Македонија
8. December 2017 - 20:24

Координативен состанок во Владата пред новиот циклус состаноци со медијаторот Нимиц

Премиерот Зоран Заев денеска одржа координативен состанок со амбасадорот Васко Наумовски пред почетокот на новиот циклус состаноци со медијаторот Метју Нимиц.

Како што информираат од владината прес-служба, на консултативната средба и координација за претстојните активности како дел од новиот циклус разговори поврзани со проблемот што го има Република Грција со нашето уставно име со специјалниот пратеник во разговорите, кои под покровителство на Обединетите нации се водат за разликите околу името на нашата држава присуствувале и  вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

- На оваа средба е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис, кои се закажани да отпочнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција, соопшти Владата.

Во разговорот на оваа средба меѓу премиерот Заев, вицепремиерот Османи, министерот Димитров и амбасадорот Наумовски, се додава во соопштението е оценето дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија.