Конзервативецот Берни Бендиктсон доби мандат да ја состави новата исландска Влада
Претседателот на Исланд, Гудни Јоханесон, денеска на конзервативецот Берни Бенедиктсон му го даде мандатот да ја состави новата Влада, пренесува БТА.
Партијата на независноста (ПН) на Бенедиктсон на парламентарните избори во саботата освои најмногу гласови. Партијата, меѓутоа, ќе треба да бара коалициски партнери, бидејќи освои само 21 места во 63-члениот Алтинг (еднодомен Парламент).
-Одлучив на претседателот на Партијата на независноста да му го дадам правото да ја состави Владата, поддржана од мнозинство во Парламентот, рече Јоханесон.
Досегашниот министер за финансии, амбициозниот Бенедиктсон соопшти дека ќе се сретне со претставници на шест други партии. Тој прецизира дека засега нема готови решенија.
Името на 46-годишниот Бенедиктсон се споменува во таканаречените „Панамски документи“, поврзани со криењето даноци, забележуваат француските медиуми.
Досега ПН беше во владина коалиција со либералната Прогресивна партија (ПП), потсетува ДПА. Двете партии имаа по 19 места во Парламентот.
Изборите во Исланд требаше да се одржат во април следната година. Во април годинава, меѓутоа, премиерот Сигмундур Давид Гунлаугсон од ПП поднесе оставка, откако „Панамските документи“ открија дека тој и неговата сопруга имаат офшор фирма на Британските Девствени острови. И двајцата притоа изјавија дека не извршиле ништо противзаконско.
Во новиот исландски парламент ПН го зголеми бројот на своите пратеници на 21, но оние на ПП се намалија на осум. Така, двете досега владеачки партии сега имаат вкупно 29 места во Парламентот, каде за мнозинство, меѓутоа, им се неопходни 32.
Ново на Сител
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и ветер
-
Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
-
Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски
-
Уапсен 91-годишник кој пукал со оружје во Тетово, го пријавил неговиот 66 годишен син
-
„Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон
-
За викендот 2324 сообраќајни прекршоци, дури 1132 санкции за брзо возење
-
Пол стана првиот играч во историјата на НБА кој ги започнал сите 82 натпревари во својата 20. сезона во лигата