Контроверзите поради „Фудбал ликс“ завршија на суд!
Руи Пинто, кој е поврзан со објавувањето на свиркачкиот портал „Фудбал Ликс“, во Португалија бил обвинет за 147 прекршоци. Пинто бил обвинет за злосторства кои се однесуваат на неовластен пристап до податоци како и за обид за изнуда.
Руи Пинто, според португалското обвинителство, на недозволен начин користел компјутерски програми и дигитални орудија, целта му била да влезе во компјутерските системи каде што немал пристап.
Компјутерскиот гениј, како што го нарекувале локалните медиуми, рекол дека она што го направил било од јавен интерес и дека не би требало да му биде судено.
„Фудбал Ликс“ е објавен во 2015 година со цел да ја открие наводната корупција во фудбалот. Таа година јавно достапни станале милиони документи и повеќе од 3,4 милиони терабајти информации.
Врз основ на информациите на „Фудбал Ликс“ биле поведени истраги против Манчестер сити и Пари Сен-Жермен.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори