Консеисао нема проблеми по инцидентот во Калабрија: Не сме во црква, ова е фудбал!
Милан дојде до тешка победа од 3:2 над Парма во натпревар од италијанското првенство, но драмата на стадионот „Сан Сиро“ не заврши со последниот судиски свиреж откако тренерот на победниците, Серхио Консеиао влезе во жестока расправија со Давиде Калабрија.
Веднаш по крајот на мечот, Консеисао и десниот бек, кој беше заменет малку порано, си размениле реплики, па дури почнале и тепачка, при што тренерот беше поактивен и му зборуваше со гласен тон. Калабрија не му остана должен, но не дојде до сериозни инциденти, бидејќи двајцата беа раздвоени од други играчи.
Калабрија беше капитен на „росонерите“ до доаѓањето на португалскиот стручњак, кој веднаш му ја даде лентата на голманот Мајк Менгјан. Договорот на 28-годишниот фудбалер со клубот истекува на крајот од сезоната и се верува дека нема да биде обновен, што јасно допринесува за зголемување на тензијата меѓу двајцата.
„Пармалатите“, кои се борат за опстанок во Серија „А“, имаа водство од 2-1 до 90. минута на „Сан Сиро“, но Тијани Рајндерс во 2. и Самуел Муквузе во 5. минута од дополнителното време го донесоа успехот на Милан .
-Ги живеам натпреварите и можете да видите како ги доживувам и како ги чувствувам. Имам многу страст и желба за победа, изјави Консеисао и додаде: „По крајот, имаше малку дополнителен адреналин зборувајќи за ситуација на игра со Давиде и можеби беа кажани премногу зборови.
За менаџерот, тимот е како семејство, каде што тој се справува со вакви ситуации на ист начин.
-Играчите знаат дека сите ми се важни, како семејство. Ако сум во ресторан и мојот син прави нешто што не ми се допаѓа, ќе му кажам, нема лицемерие. Не беше убаво да се види тоа од публиката, но во фудбалот тоа е добро. Ние не сме во црква, истакна Португалецот.
Но, покрај губењето на лентата, Давиде Калабрија денеска го одигра само четвртиот натпревар како стартер. Тој ја загуби конкуренцијата од Бразилецот Емерсон Ројал кој пристигна од Тотенхем, а сега работите уште повеќе се комплицираат по доаѓањето на Кајл Вокер од Манчестер Сити.
-Дефинитивно не е позитивна година како другите. Постојат ситуации кои не се едноставни, дури и лични моменти за кои никој не знае. Не сакам ни да зборувам многу за тоа. Сакам да ја завршам оваа сезона на најдобар можен начин за доброто на тимот, за што најмногу се грижам. Понекогаш дури и повеќе од мене, изјави Калабрија за ДАЗН по натпреварот.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра