Конкурс за стипендии за постдипломски студии за земјоделство во Унгарија
Македонски студенти заинтересирани за постдипломски студии во областа на земјоделството до 28 февруари 2018 година може да конкурираат за стипендии што ги доделува ФАО со спонзорство на унгарската Влада.
Стипендите се двегодишни, а опфаќаат трошоци за аплицирање и школарина, основни книги, сместување во домови, трошоци за дневен надомест и здравствено осигурување.
Студентите што ќе бидат примени, ќе посетуваат студии за сточарство, водостопанство или инженерство во областа на животната средина на Универзитетот во Дебрецен или на Универзитетот Сент Иштван, две реномирани високо образовни унгарски институции.
Стипендиите се однесуваат за академската 2018 година која почнува есенва.
Апликациите се достапни на www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1073290/, а повеќе за стипендиите и школувањето во Унгарија може да се прочита на www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/359190/ и www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/320062/.
Право да аплицираат за програмата на ФАО и унгарската Владата имаат државјани од Македонија, Србија, Косово, Белорусија, Буркина Фасо, Чад, Египет, Етиопија, Гамбија, Грузија, Гана, Јордан, Казахстан, Кенија, Киргистан, Лаос, Либан, Мадагаскар, Мали, Мјанмар, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Намибија, Нигерија, Северна Кореја, Палестина, Филипини, Сомалија, Судан, Таџикистан, Уганда, Украина, Узбекистан, Виетнам и Јемен.
До денес, околу 300 студенти користат стипендии од ФАО-Унгарија.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче