Конференција „Заробена држава – политички, социјални и економски интереси“
По повод меѓународниот Ден на борба против корупција денеска во Скопје ќе се одржи конференција „Заробена држава – политички, социјални и економски интереси“, во организација на платформата на граѓански организации (ГО) за борба против корупција.
На конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Едвард Гонзалез.
Платформата на граѓански организации (ГО) за борба против корупција вклучува 15 граѓански организации, кои во моментот го спроведуваат проектот насловен „Зајакнување на Платформата на ГО за борба против корупцијата“ финансиран од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Проектот има за цел да се зголеми влијанието на граѓанските организации поврзани со борбата против корупцијата во Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови