Концесионерот на малата хидроелектрана во Љубанци тврди дека тие не се причина за загадената вода
Концесионерот на хидроелектраната изградена во Љубанци тврди дека објектот не бил причина за загадувањето на водата за кое реаѓираат локалните жители.
- Имено, водозафатот на малата хидроелектрана е поставен низводно од каптажата за селскиот водовод и не влијае на квалитетот на водата што се зафаќа во истиот. Во текот на изградбата на хидроелектраната во 2012 год, претставниците од месната заедница на с.Љубанци, која тогаш стопанисуваше со водоводот, беа информирани и консултирани. Во изминативе 8 години, до нас не е доставена никаква претставка, барање или поплака во однос на тоа дека малата хидроелектрана е причина за заматување на водата во водоводот, ниту од водоводното претпријатие, ниту од месната заедница, ниту пак од било кој жител на селото. Ние, како општествено одговорна компанија, секако би поддржале активност во насока на подобрување на состојбата на истиот. Дека ова не е само фраза потврдува и фактот дека и досега сме биле отворени за соработка и веќе сме имале и конкретни активности, велат во реакцијата од ЕМК Мали Хидроелектрани.
Од компанијата посочуваат дека во 2018 година, санитарниот инспекторат дал препорака да не се користи водата од селската чешма, бидејќи истата се онечистува од дотраените челични цевки со кои се спроведува од изворот поради што на барање на селото излегле во пресрет и на трошок на компанијата поставиле нов цевковод од пластични цевки со должина од 700 м.
Ново на Сител
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања
-
Приведени крадци, одземеното возило вратено на сопственикот
-
Државен завод за ревизија: Неефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот
-
Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ
-
Костадиновска Стојчевска поднесе претставка против Африм Гаши бидејќи прво ја прочитал заклетвата на албански
-
Советот на Општина Аеродром го донесе деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче
-
Приведен криминалец баран по централна потерница, осуден на 10 години затвор