Концерт на медитерански шансони „Мала Италија патува“
Под отворено небо на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје синоќа се одржа концертот „Мала Италија патува“. Шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни ги претставија македонските пејачи Павле Камилоски и Христо Арсовски.
Посетителите на концертот, освен Павле Камилоски како баритон, и Христо Арсовски како драмски тенор, ги проследија и Горан Начевски како баритон, Бисера Чадловска како диригент и камерниот оркестар.
„Мала Италија патува“ е настан роден од желбата и љубовта на баритонот Павле Камилоски кон музиката и пеењето.
- Во оваа уметност не постојат граници. Музиката е темел на добро расположение и искрена среќа и ми отвори нови хоризонти, истакна Камилоски. Додаде дека пеењето за него е комплетно уживање, работа која го прави среќен и оти „Мала Италија“ е настап кој никогаш нема да го заборави.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива