Концерт на дуото кларинети Горевски-Бакрески вечер во кумановскиот Центар за култура
Во Центарот за култура во Куманово „Трајко Прокопиев“ вечер во 20 часот концерт ќе одржи дуото кларинети Ѓоревски - Бакрески.
На програмата, соопштија надлежните од установата, ќе бидат изведени дела од Крузел, Пуланк, Илиевски, Лефевр, Росини, Огненовски.
Двајцата уметници Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски го спојуваат музичкото искуство и знаење по долгогодишно музичко делување на полето на класичната музика, како на солистички план, така и во различни ансамбли и камерни формации.
- Ги повикувам сите љубители на сериозната музика да го проследат концертот на овој невообичаен дует на два кларинети. Ваков концерт во Куманово досега не сме имале, изјави Роберт Цветковски од кумановскиот Центар за култура.
Двајцата се вработени во оркестарот на Македонската опера и балет. Дуото Ѓоревски-Бакревски е формирано со цел да се истражува репертоарот за вакво камерно дуо, кој е ретко интерпретиран на концертните подиуми во Република Македонија.
Дуото ја презентира македонската музика и култура и пошироко надвор од границите на земјава. Нивните настапи на меѓународна сцена неодамна беа наградени на последниот Меѓународен натпревар на кој што настапија во Штањел, Словенија во 2015 година, каде освоија награда.
Ново на Сител
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид