Македонија
17. July 2016 - 12:03

Концерт на дуото Кировски на „Охридско лето“

Програмата на годинешното „Охридско лето“ продолжува со музичкиот дел, овојпат со концерт на Камерното дуо „Кировски“, составено од нашите уметници Љубиша Кировски на виолина и виола и Маја Шутевска – Кировска на пијано.

На програмта на вечерашниот концерт закажан за 21 часот во црквата „Света Софија“ се дела на Брамс, Глишиќ, Сај, Фролов и Гершвин.

Дуото „Кировски“ е основано во 1993 година и оттогаш има реализирано бројни настапи во Македонија, но и надвор од државата. Во 1997 година, дуото специјализира на Европската aкадемија во Варшава кај еминентни професори, а подоцна своите изведувачки вештини ги усовршува на Летната академија во Лозана. Како камерен состав, Кировски се добитници на повеќе национални и интернационални награди. Имаат издадено и неколку компакт-дискови со музика, претежно, од македонски композитори.

Инаку, во рамки на фестивалот паралелно на редовните содржини се одржуваат и проекции на остварувања на „Вардар филм“. За вечерва од 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ е предвидена прекција на филмот „Хај Фај“, филмско оствараувње на режисерот Владимир Блажевски од 1987 година.