Компаниите од Скопско размислуваат за формирање кластери
Малите и средните претпријатија од скопскиот регион размислуваат за формирање кластери. Тие денеска на работилница ги разгледаа придобивките од здружувањето пред се во однос на зголемување на конкурентноста и заедничкиот настап на странските пазари.
На работилницата присуствуваа компании од повеќе сектори, најмногу од областа на информатичко-комуникациските технологии и производството на мебел.
- Добро развиена кластерска политика е моќна алатка за поттикнување на конкурентноста и просперитетот на регионот. Светските искуства покажуваат многу позотивни ефекти на кластерските здруженија за регионален економски развој и развој на одделни сектори кои базираат на соработка, размена на знаења, заедничко градење стратегии за развој, промоција на извозот,..., беше речено на отворањето.
Како што изјави Глигор Ризов од „Гешталт солушнс“, предвидено е одржување на две работилници од кои, краен резултат, треба да произлезе формирање кластер, но се уште не е определно во кој сектор. Тоа ќе зависи од интересот на компаниите.
Според Ризов чија компанија заедно со Центарот за развој на Скопскиот плански регион е организатор на работилниците, ИКТ веројатно ќе биде првата индустрија во Скопско која ќе формира кластер.
Бизнис центарот на Скопскиот плански регион ќе иницира создавање најмалку еден кластер.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала