Компаниите очекувааат подобрување на економската состојба
Негативните трендови и кризата годинава оставија одредени последици, но компаниите се оптимисти дека состојбите и движењата во економијата ќе се подобрат, е ставот на Стопанската комора на Македонија во врска со евидентираниот пад од 5,3 отсто на индустриското производство во август 2017 споредено со август 2016.
Како што изјави Билјана Пеева Ѓуриќ, директор во Комората, кумулативно има минимален пад од 0,1 отсто за осум месеци, во рударството 1,1 процент и во преработувачката индустрија 1,3 отсто.
- Но, за да се согледаат трендовите во економијата, многу е важен сегментот на преработувачката индустрија која во вкупното индустриско производство учествува со 83 проценти. Генерално, за осум месеци забележан е пад во секторот Рударство, а сепак тука нема никакви загрижувачки елементи. Се работеше на еден коп во РЕК „Битола“. Состојбите се одвиваа тековно и нормално. Во преработувачката индустрија, пак, секторски е евидентиран позначителен пад во производството на облека, кумулативно околу 17 отсто, но, според компаниите, на терен тој пад не е толку голем колку што покажуваат податоците, истакна Пеева Ѓуриќ, одговорајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците