Комисијата за заразни болести со препораки за намалување на боројот на заболени од грип
Во системот МојТермин се евидентирани 7.807 заболени од грип од почетокот на месецов, а во претстојниот период се очекува постојано зголемување на бројот на заболени. Поради тоа се препорачува да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта низ државата, одлучи Комисијата за заразни болести на денешната седница.
Според информациите на Комисијата, во училиштата и градинките не е забележано поголемо отсуство на заболени деца, а имајќи предвид дека се наближува училишниот распуст, можноста за пренос на грипот меѓу учениците во училиштата се намалува.
Комисијата препорачува дека дезинфекцијата на детските градинки треба да ја направат Центрите за јавно здравје во петок во попладневните часови и во сабота во претпладневните часови, а во училиштата треба да се изврши дезинфекција за време на распустот, односно пред почетокот на второто полугодие
Комисијата препорача во сите детски градинки да се врши редовна дезинфекција, еднаш на секои две недели во периодот на сезона на грип, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто проветрување
Покрај тоа, Комисијата бара да се ограничат посетите на хоспитализираните пациенти во болниците, со цел спречување интрахоспитални инфекции, како и вонредна темелна дезинфекција во сите јавни здравствени установи каде има хоспитализирани пациенти.
Од Комисијата препорачуваат граѓаните да избегнуваат престој на поголеми собири каде што има присуство на поголем број луѓе, како и одбегнување на контакт со заболено лице.
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува