Комисијата за прашања на избори и именувања продолжи со расправата за утврдување предлози за уставни судии
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска продолжи со работа по 13-тата седница, на која на дневен ред е и точката за утврдување на предлози за уставни судии.
На почеток на седницата, членовите на Комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во процедурални забелешки реагираа зошто седницата е закажана во исто време со Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која треба да расправа за двете несреќи, пожарот во тетовската модуларна болница и автобуската несреќа во Бугарија.
Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ праша дали намерно се поклопуваат комисиите за јавноста да биде дефокусирана од предлогот на СДСМ Татјана Васиќ Бозаџиева да биде утврдена за судија на Уставен суд.
Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска рече дека седниците се закажуваат во координација со пратениците и дека таа не може да коментира за нешто што се случува во другите работни тела.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски исто така реагираше за закажаните комисии во исто време и рече дека сака да присуствува на двете седници оти и на едната и на другата се многу важни точки на дневен ред.
Членовите на Комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека Постојната анкетна комисија за човекови права не може да почне оти ги нема пратениците од СДСМ и ДУИ.
Заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска побара пауза од еден час за да можат пратениците да присуствуваат на Постојната анкетна комисија за човекови права.
По пауза од еден час, Комисијата продолжи со работа по точката на дневен ред утврдување предлози за уставни судии.
Мнозинството го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Родна Живковска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје да биде избрана за судија на Уставниот суд.
Откако Живковска не ја доби поддршката, на седницата на собраниската Комисија почна дебатата за утврадување на правничката Татјана Васиќ Бозаџиева за кандидат за уставен судија, на предлог на СДСМ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски рече дека власта продолжува со партизација и се сè врти и зависи од извршната власт.
– Собранието треба да избере тројца кандидати за уставни судии. И, СДСМ и ДУИ доставиле тројца кандидати, и понатаму е јасно како ќе оди постапката. Овие тројца ќе бидат избрани уставни судии. Замислете, професорката Родна Живковска не ги задоволила критериумите на власта за истакнат правник, а магистратурата и тие предмети Татјана Васиќ Бозаџиева, ги полагала кај Родна Живковска. Значи менторот во академската сфера е понеистакнат правник од студент. Парадокс, комичност и не знам со какви други зборови може да се опише оваа ситуација, рече Петрушевски.
Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ смета дека на комисиската расправа требало да бидат поканети сите девет кандидати за уставни судии со цел да можат да им поставуваат прашања. Таа посочи неколку прашања кои би и ги поставила на кандидатката предложена од СДСМ, Васиќ Бозаџиева, меѓу кои да се изјасни за одредени законски решенија ако работат по сопствена иницијатива и дали би имале храброст и кредибилитет да се издигнат над политичката ситуација.
Најспорен момент според неа е тоа што „менторот Родна Живковска не станува утавен судија со 30-годишна академска кариера, туку кандидатката која сега завршила, а не ја ни спомнала менторката во ЦВ-то“.
Седницата по повеќечасовна расправа беше прекината.
Членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања треба да дебатираат за вкупно девет имиња. Досега е утврден предлогот на владејачкото мнозинство Фатмир Скендер, актуелен судија во Апелацискиот суд Скопје, да биде избран за уставне судија. Одбиен е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Живковска да биде избрана за уствен судија.
Во тек е расправата за предлогот на мнозинството за Васиќ Бозаџева. А предлог од редовите на мнозинството е и актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион