Македонија
14. July 2023 - 10:16

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: На Скопје му се случи еколошка катастрофа и колапс на јавните претпријатија

Арсовска го доведе Скопје до тотален колапс, не ги почитува ниту закон, ниту ингеренциите, ниту Советот на Град Скопје

Данела Арсовска го доведе Градот Скопје и јавните комунални претпријатија до колапс, а поради нејзината неспособност страдаат скопјани.

Мизерната работа на Арсовска и нејзиниот тим, честите промени на директори на јавните претпријатија, како и лошите перформанси на терен, доведоа, според последната анкета на ИРИ, Арсовска да е најнепопуларниот градоначалник на Скопје на сите времиња, каде само 1 % се изјасниле дека се многу задоволни од работата на Арсовска, наспроти 50% кои се крајно незадоволни!

Загрижувачки е и податокот што високи 15 % од испитаниците ја навеле „Јавната хигиена и собирањето на смет“ како најголем проблеми со кои се соочува Скопје.

По еколошката катастрофа која му се случи на Скопје и колапсот на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Дрисла“, наместо решенија и одговори, Арсовска и директорката од ГРОМ Мазнева на неколку прес-конференции на целокупната јавност им ја покажаа нивната неспособност, корумпираност и бескрупулозност. На овие прес-конференции Арсовска повторно во јавноста излезе со разни параноични обвинувања за пресметки со политичари, мафија, вработени, како таа ги реформира јавните претпријатија...

ЈП „комунална хигиена“ беше стабилно претпријатие, со доволна механизација за справување со предизвиците, а најголемиот дел од истата беше набавена токму кога градоначалник беше Коце Трајановски. Од аспект на нејзините обвинувања дека лица земале плата години а не се ни појавувале на работа, отворено ја прашуваме Арсовска зошто досега нема преземено никакви дејствија за сузбивање и санкционирање на оваа појава. Арсовска е градоначалник на Скопје речиси 2 години, а Мазнева директор речиси 1 година, па оттаму се наметнува прашањето зошто, доколку имале вакви податоци, веднаш тие лица не биле отстранети од работа, туку се толерирало нивното однесување со години!

Во нејзината неспособност и параноја, Арсовска започна да се пресметува и со градоначалниците кои се обидоа да и помогнат со цел Скопје да функционира додека не се најдат потрајни решенија. Како одговор на ова, таа започна да изигрува шериф, надвор од нејзините ингеренции, но најстрашно од се и надвор од границите на Скопје, со што уште еднаш на виделина излезе неспособноста на Арсовска и нејзиниот тим

Ако ова не беше доволно, вчера јавноста доби уште една потврда за целосната непресметливост на Арсовска која ги урива институциите на системот, а тоа е целосното непочитување на Советот на Град Скопје, главниот орган кои ги носи сите одлуки во локалната самоуправа.

Минатата недела алармиравме за скандалозното нејзино однесување и неприсуството на седницата на Советот на Град Скопје наменето за советнички прашања, за вчера таа да не се појави на Вонредната седница наменета токму за проблемот со ѓубрето која таа го создаде.

За жал не можеме да направиме ништо друго освен да ја констатира целосната неспособност на Арсовска и нејзиниот т.н. „менаџерски тим“ и да ги осудиме постапките на в.д. директорите на ЈП Комунална хигиена и Дрисла и нивната улога во оваа грда епизода за Скопје.

По сите скандали, по сите колапси, по сите докази за елементарна неспособност, Арсовска треба да биде доблесна и да си поднесе оставка.

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ