Комисија на Претставничкиот дом: За обидот за атентат врз Трамп виновна е Тајната служба, а не локалната полиција
Членовите на двопартиската комисија на Претставничкиот дом на САД кои го истражуваат обидот за атентат на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп предложија за време на првото сослушување одржано денеска дека неуспесите што доведоа до тоа напаѓачот да може да отвори оган врз Трамп е – резултат на лошата работа на американската тајна служба, а не на локалната полиција.
Во својот воведен говор, копретседателот на Комитетот Мајк Кели, републиканец од Пенсилванија, ја обвини Тајната служба за неуспехот, која му дозволи на вооружениот Томас Мајкл Крукс да се качи на покривот на блиската зграда и да отвори оган врз Трамп.
Трамп беше ранет, а еден човек кој присуствуваше на митингот со своето семејство беше убиен на тој партуиски собир.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза