Македонија
17. August 2017 - 11:30

Комбе усмрти жена во Дебар Маало

Повозрасна жена утрово беше прегазена од комбе на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ”, во близина на Министерството за култура. Несреќата се случи утрово околу 8:45.

Веќе два часа телото е под комбето, а пожарникарите чекаат наредба да го извадат оттаму.

Местото на несреќата е обележано, а полицијата не дозволува пристап во тој дел.

Од неофицијални извори, возачот на комбето не ја видел жената, бидејќи возел во рикверц.

Според кажувањата на луѓе кои набрзо после несреќата се нашле на местото, неколкумина минувачи се обиделе да го кренат комбето за да ја извадат жената, но не успеале.

Додека службеници од Крим-техника на МВР вршеа увид на местото на несреќата, неколкумина полицајци ги проверуваа безбедносните камери на околните објекти за да обезбедат снимка од самата нереќа, доколку некоја од нив успеала да ја забележи несреќата.