Командантот на курдските сили во Сирија: Поради турските напади операцијата против ИД е прекината
– Главниот командант на курдските сили Мазлум Абди денеска изјави дека операциите против ИД се прекинати поради минатонеделните турски напади во северна Сирија.
Тој нагласи дека по речиси една недела турски воздушни напади во северна Сирија, Анкара се подготвува за копнена офанзива.
Командантот на Сириските демократски сили рече дека опозициските борци поддржани од Турција се подготвуваат да учествуваат во операциите.
Абди додаде дека турските напади во текот на изминатата недела предизвикале сериозна штета на инфраструктурата.
Според него, Турција го користи смртоносниот бомбашки напад во Истанбул на 13 ноември, за кој Анкара ги обвини курдските групи. Курдските организации негираа каква било вмешаност во нападот во Истанбул во кој загинаа шест, а беа ранети десетици луѓе.
Сириските Курди поддржани од Вашингтон претходно негираа каква било поврзаност со нападот во Истанбул.
Ново на Сител
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта