Колорадо го освои Президент купот за прв пат по 20 години
Хокеарите на Колорадо ноќеска го победија тимот на Лос Анџелес со 5:1 во последниот натпревар од регуларната сезона во НХЛ. Тимот од Денвер освои 82 бода и стана шампион на западната дивизија, како и сопственик на Купот на претседателот, бидејќи има најдобар биланс од сите екипи во НХЛ-лигата во регуларниот дел од сезоната.
Вегас исто така освои 82 поени, но има помалку победи во основното време.
Колорадо го освои Президент купот по трет пат. Последен пат клубот го освои трофејот во сезоната 2000/01, по што стана сопственик на Стенли купот кој се оделува на шампионот по завршувањето на плејофот.
Во сезоната 2019/20, Бостон го освои Купот на Претседателот. Само осум екипи кои го освоија Президент купот, истата сезона го освоија Стенли купот.
Како најдобар тим по регуларниот дел од сезоната, Колорадо ќа ја има предност на домашната арена во четири кола од плејофот.
Ново на Сител
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина