Македонија
20. July 2024 - 19:41

Колони на граничните премини низ државата - патниците се изморени од долгото чекање

Во ек на летна сезона големи гужви на граничните премини во Македонија.

Стенд ап: За влез во Македонија на ГП Табановце овде чекаат со часови. Патниците велат дека е голем предизвик да се чека на овие високи температури без вода и пијалоци.

На Табановце поголемиот дел од патниците кои влегуваат и излегуваат од државата се странски државјани.

На Богородица циркулацијата на патници е значително поголема. Во изминатите 24 часа, над 28.000 лица го поминале ГП  Богородица.

Ако возите подолго од три часа, направете пауза од десет минути оти паѓа концентрацијата, советуваат надлежните.