-->
-->
Колку рекорди собори Превц
-->
Словенецот Петер Превц ја потврди доминацијата во ски скоковите, откако победи на домашен терен, на леталницата на Планица.
Превц, кој поединечно ја има најуспешната сезона во историјата на ски скоковите, до победата на Планица стигна со скоковите од 223 и 232,5 метри, кои му донесоа 426,5 поени.
Превц на 24-годишна возраст успеа да соброри два рекорди: ја оствари рекордната 14-та победа во една сезона, а дури 20 пати успеал да биде меѓу првите тројца.
Младиот Словенец, зад себе ги остави Јохан Андре Форфган од Норвешка (419 поени), кој во двете серии скокна по 226 метри и сонародникот Роберт Крањец (414 поени), кој во втората серија го оставри најдолгиот лет на денот од 241,5 метри, додеека во првата серија скокна 223 метри.
Настапот во Планица вечно ќе го памети и легендарниот Јапонец, Нориаки Касаи (43), кој по 500-ти пат во кариерата учествуваше на натпревар во Светскиот куп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има