Свет
20. August 2016 - 10:23

Колективна венчавка во колумбиски затвор

Во затвор во колумбискиот град Кали вчера беше организирано колективна венчавка на 17 затвореници, кои и покрај тоа што се зад решетки, одлучија да стапат во брак со своите вереници.

Затворот во третиот по големина колумбиски град поради колективната венчавка неколку часа беше и црква и сала за прослави.

Невестите сите во бело, во придружба на најблиските членови на семејството, пристигнаа во затворот.