Кокаин вреден 225 милиони евра е запленет во Холандија
Холандските цариници запленија три тони кокаин, скриени во буриња со пире од банани, соопштија денеска властите. Ова досега е еден од најголемите удари против трговијата со дрога.
Дрогата се наоѓала во контејнер, испратен од Еквадор и наменет за Базел, Швајцарија. Пратката е пронајдена на пристаништето во Ротердам за време на рутинска проверка.
– Кокаинот, кој чини околу 225 милиони евра на црниот пазар, е еден од најголемите удари против нарк мафијата во огромното пристаниште. Дрогата е уништена, се наведува во соопштението на обвинителството.
Холандија стана главен канал за наркотици, особено на кокаин, кон Европа, главно преку Ротердам, најголемото европско пристаниште.
Холандските власти соопштија дека тие и меѓународните полициски сили оваа година заплениле 50 тони кокаин, кој минувал низ Холандија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Наташа Котлар Трајкова
-
Силјановска Давкова: Не смееме да дозволиме истористи ревизионизам
-
Политичарите го честитаат 11 Октомври
-
Без почитување на минатото нема иднина
-
ДУИ негира дека нивните министри ја поддржале владината стратегија за укинување на балансерот
-
Штаунас: Преземените обврски да се реализираат
-
Поголема контрола на езерото
-
Преглед на вестите