Живот
23. July 2017 - 20:54

Кога волјата е посилна од се: Момче родено со една рака и без двете нозе крева товар од 70 килограми

Ханхартов синдром е нарушување проследено со различен степен на оштетувања и со недостаток на екстремитети. Несреќата да страда од ова пореметување ја има Ник Сантонастасо (21), ѕвезда на ЈуТјуб и бодибилдер.
 
Со процент на можности за преживување од само 30 отсто, Ник сепак успеа да докаже дека е посилен од се. На ЈуТјуб се појави снимка на која Сантонастасо крева огромна гума тешка 70 килограми. Тој тврди дека е еден од 12 лица родени со ова пореметување, а само 8 преживеале.
 
 

A post shared by Nick Santonastasso (@nicksanto534) on

 
Храбриот и вреден Сантонастасо редовно објавува фотографии и видеозаписи на својот профил на Инстаграм и добива огромна поддршка од своите пријатели.
 

A post shared by Nick Santonastasso (@nicksanto534) on

 
-И покрај својот хендикеп, од секогаш сакав да бидам фитнес модел, тренер по бодибилдинг и мотивациски говорник. Се трудам сите желби да ми се исполнат, рече младиот Сантонастасо кој е пример на многу бодибилдери ширум светот.
 

A post shared by Nick Santonastasso (@nicksanto534) on