Македонија
14. јуни 2024 - 16:40

Кога Клинички ќе добие нова компресорска станица?

Дополнителни хемиски анализи треба да покажат од што смрди во салите на хируршките клиники. Нив ќе ги прави Заеднички служби со акредитирана лабораторија од Скопје, а по барање на Министерството за здравство. Последните вонредни анализи што ги правеше германска фирма покажале дека не е детектиран никакво проблем во комресорската станица и инсталацијата, велат од установата задолжена за одржување на опремата на клинички.

Во меѓувреме, 6-те хируршки клиники имаат уште три работни дена да одговорат до Заеднички служби дали се согласуваат на групна набавка но и плаќање на 21 милиони денари за да отпочнат градежни работи кои за 6 месеци треба да овозможат нормално функционирање на оперативниот блок.

За да одовојат пари од буџетите од клиниките велат дека тоа треба прво да помине на управните одбори а потоа да побараат и дополнителни финасии од Фондот. Од друга страна работењето во сали е со надворешни компресори кое беше понудено како преодно решение од здравствените власти.

Пред еден месец настана колапсот на хирургија кој беше причина за голем број одложени операции, нервози кај пациентите и гужви во ГОБ 8ми септември и Клиниката Свети наум охридски кои примаа само итни случаи. Сега и таму се обидуваат да се вратат во нормален тек на работење со оперирање на хронични пациенти кои беа пролонгирани.

Предмет за хаосот на клинички отвори и Народниот правобранител кој истражува дали се повредени правата на пациентите.