-->
-->
„Кога денот немаше име“ со прва презентација на „Берлинале“
-->
Македонскиот игран филм „Кога денот немаше име“ денеска ќе ја има првата презентација на еден од најголемите светски филмски фестивали „Берлинале“, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Во 14 часот и 15 минути македонскиот филм по сценарио и режија на Теона Стругар Митевска продуциран од продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“ ќе биде прикажан во првата проекција наменета за новинарите што ќе се одржи во киното „Синемакс 8“ на познатиот берлински Потсдамер Плац.
Филмот ќе биде прикажуван во рамки на фестивалската програма „Панорама“ во која учествуваат рономирани режисери, дебитантски филмови и нови откритија, а која има за цел да ги спротивстави уметничките визии наспроти комерцијалните интереси. Во „Панорама“ организаторите на Берлинале градат мостови меѓу различни филмски изрази, таргетираат и филмски дистрибутери. Самото учество во оваа прогама е успех за „Кога денот немаше име“ и гаранција дека филмот ќе биде виден од голем број синеасти,филмски работници, продуценти, дистрибутерски куќи и други.
„Кога денот немаше име“ е македонски мнозински проект, реализиран од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ со копродуцентите Вертиго од Словенија и Ентре Шиен е Луп од Белгија. Македонската Агенцијата за филм го поддржа со половина милион евра, а дополнителни средства продукцијата доби и од Еуримаж.
Покрај денешната презентацијата за новинарите на Берлинскиот фестивал, филмот до 18 февруари ќе има уште осум проекции за различни видови публика во кината каде што се одржува годинашниот филмски собир во главниот град на Германија.
Според продуцентите, филмот не е за немилите случувања на Смилковското езеро, иако настанот во кој беа убиени пет луѓе е директната провокација и инспирација за приказната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари