Коѕијас и Куцубис разговарале за Македонија, Албанија, Турција и Кипар
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на денешната прва од серијата брифинзи со лидерите на политичките партии го информирал Димитрис Куцубас, лидерот на грчките комунисти за разговорите со властите во Македонија и Албанија, како и за грчко- турските односи и кипарското прашање, соопшти Комунистичката партија на Грција.
„Министерот за надворешни работи го извести генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција за последните случувања, по разговорите на грчката Влада со раководството на ПЈРМ и на Албанија, но и за случувањата што се однесуваат на грчко- турските односи и на кипарското прашање“, соопштуваат од Комунистичката партија, пренесе дописникот на МИА од Атина.
Димитрис Куцубас, пак, го известил Никос Коѕијас за позициите на партијата и изразил загриженост за опасните случувања на Балканот, но и во поширокиот регион.
Ново на Сител
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку