Коѕијас: Без Договорот од Преспа не постои решение
Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во двете земји“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас рече дека вчерашниот состанок започнал со прашањата поврзани со Македонија.
- Објаснив дека треба да биде сфатено во Скопје дека не постои никакво решение без прифаќање на Договорот од Преспа и дека не е можно да се случи она што го велат двете опозиции во Грција и во ПЈРМ, дека можат да обезбедат еден подобар договор, за секоја страна, бидејќи ова не е изводливо дури и со едноставна аритметика од основно училиште, рече шефот на грчката дипломатија.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста