Коциќ: ДПМНЕ е против ЕУ, единствената идеологија им се блокадите
Вчера, одново се потврди дека СДСМ и сите политички партии и чинители од про-европскиот фронт, се единствените кои ѝ мислат добро на државата, им мислат добро на граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ.
Но исто така вчера, на собраниската седница се докажа и дека единствената идеологија на ДПМНЕ и Левица се блокадите и одолговлекувањето.
80% од македонските граѓани кои се проевропски ориентирани ќе паметат и нема да им простат на оние кои без никаква причина го блокираат патот кон ЕУ.
Сите ние многу добро се сеќаваме како владата на Никола Груевски го блокираше патот кон ЕУ и НАТО и како Христијан Мицкоски се противеше, а неговите пратеници гласаа против членството во НАТО.
На вчерашната седница видовме дека Мицковски е како и Никола Груевски. И тој сака да ја влече државата назад уште 11 години за ништо, само заради неговата фотелја во Белиот дворец.
Но граѓаните треба да знаат дека, неодговорноста и немањето државнички капацитет на ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја одврати, ниту да ја обесхрабри проевропската коалиција предводена од СДСМ.
Како одговорна, државотворна партија ќе направиме сѐ за да ја пробиеме блокадата во наредните недели.
Се работи за иднината на државата, за иднината на нашите граѓани.
Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ.
Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа