Коцијанчич до Приштина: Укинете ги таксите и продолжете со дијалогот
Косово треба да ги укине таксите од 100 отсто за увоз за стоки од Србија и Босна и Херцеговина, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна полиитка и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, додавајќи дека Европската Унија очекува Приштина и Белград да го продолжат дијалогот, што би довел до нормализирање на нивните односи.
– Сеопфатен правно обврзувачки договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина бара клима која придонесува за добрососедските односи, со почитување и целосна имплементација на постојните договори, изјави Коцијанчич за приштински „Зери“.
Според неа, за постигнување на ова, двете страни треба да се воздржат од изјави и потези кои не се во интерес на регионот.
Коцијанчич додава дека Брисел очекува Србија и Косово брзо да го обноват во дијалогот, бидејќи постои директна врска помеѓу нормализација на односите и нивната европска перспектива.
Ново на Сител
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем