Кочанската болница годинава со три милиони денари поголем буџет од лани
Општата болница Кочани годинава ќе има за 3 милиони денари поголем буџет од претходната. Ланската година изнесуваше 113 милиони, а годинава Министерството за здравство на кочанската болница и одобри вкупен буџет од 116 милиони денари. Средствата главно ќе бидат искористени за реконструкција на болничките одделенија, како и за набавка на нови апарати. Од овој месец се воведе и нова дијагностичка метода во лабораторија.
- Во декември 2016 година завршивме со комплетна реконструкција на болничките соби на интерно одделение, ги обновивме подовите во хируршката амбуланта и хируршката операциска сала, а годинава приоритет ќе дадеме на другите одделенија. Од овој месец воведовме и нова дијагностичка метода. Станува збор за алерго тестови кои што ќе се работат во нашата лабораторија, а ќе го адаптираме и прошириме просторот на лабораторија за да се овозможи подобар комфор на вработените и пациентите, рече Оливера Цимбаљевиќ, директор на Општа болница Кочани.
Дел од средствата, додаде Цимбаљевиќ, меѓу другото се планирани и за замена на прозорците од северната страна на болницата на кои што промена не им е извршена од изградбата на самата болница. Дел од средствата ќе бидат искористени и за набавка на нова медицинска и информатичка опрема.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар