Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
Љупчо Коцевски го побарал предметот од гостиварското вишо обвинителство за да го разгледа во детали текот на постапката против Менсур Пајазити кој смртно ја прегази Теодора Ристовска во Тетово.
Обвинителството не се жалело на првичната триипол годишна казна која ја досудила сега пензионираната судијка Верка Костовска, според објавените пресуди
Потоа вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила па на седницата во апелација во март лани го променила писмениот став и барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со предлог да му се изрече поблага кривична санкција.
Обвинителството уште го чека писменото образложение на пресудата, а Судскиот совет оцени дека гостиварска апелација може да одлучи само во корист на обвинетиот или да ја потврди првостепената пресуда од две години затвор, а не и да ја зголеми.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани