Книгата „Говор на омраза“ од Ненад Живановски преведена на англиски и бугарски јазик
Во издание на издавачката куќа „Рива“ од Софија, на читателската публика во Бугарија деновиве и беше претставена книгата на д-р Ненад Живановски „Говор на омраза - теоретски преглед и додаток истражување Бугарија во македонските медиуми“ во превод на бугарски јазик.
Книгата, како што вели авторот, претставува опсежен мултидисциплинарен пристап кон феноменот на современите комуникациски процеси - говорот на омраза, но и за критичката анализа на политичкиот дискурс, како и емпириско истражување врз повеќе од 600 новинарски текстови објавени во македонските медиуми во однос на Бугарија.
- Книгата веднаш доби позитивни коментари на Бугарското национално радио како многу полезна за разбирањето на односите помеѓу двете држави, вели Живановски.
Истата книга, но со наслов „Говор на омраза: да или не и зошто не“, деновиве беше објавена и на англиски јазик од страна на германската издавачка куќа „Ламберт академик паблишер“ од Сарбрукер и преку глобалниот дистрибутер на книги Амазон веќе е достапна на читателската публика ширум светот.
Издавач на оваа книга во Македонија е „Бата пресс“ од Скопје, а од печат е излезана во март 2014 година.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора