Книгата „Блок, личен лекар на Енвер Хоџа“ промовирана на Универзитетот во Тетово
Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово ја промовираше книгата „Блок, личен лекар на Енвер Хоџа“ од авторот Исуф Кало од Тирана, Албанија. Во оваа публикација авторот пишува за сеќавања, настани, размислувања, покажувајќи ја атмосферата и животот на жителите на населбата Блок додека бил личен лекар на Енвер Хоџа, која претседател на Албанија во поранешниот општествен систем.
-Иако книгата е насловена „Блок, приказна за личниот лекар на Енвер Хоџа“, мојата приказна во оваа книга е фокусирана повеќе на двајца протагонисти: Рамиз Алија и Неџмије Хоџа. Зошто со нив, а не на Енвер, кого го познавам одблизу како негов личен лекар, во последните 12 години од неговиот живот? Причината е што доказите во оваа книга се протегаат уште подалеку до времето кога тој не бил жив, истакна авторот на книгата.
Деканот на Медицинскиот факултет Кастриот Хаџиреxа наведува дека книгата го внесува читателот во „Блок“ преку ходниците и канцеларии полни со мистерија каде што само лекарот може да влезе.
Ново на Сител
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери
-
Одземени 97 лиценци согласно Законот за градење
-
Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
-
Отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани
-
Муцунски: Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста