Клоп: Утре ќе биде еден од најголемите денови во мојот живот
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за емоциите кои ќе го придружуваат за време на утрешниот натпревар со Челси, по кој „црвените“ ќе ја добијат титулата што ја чекаа цели 30 години. Германецот признава дека ова ќе биде еден од најголемите денови во неговиот живот.
– Се обидувам да се подготвам за она што ќе се случи утре. Тешко ќе биде затоа што пред нас имаме важен фудбалски натпревар. Тоа ќе биде еден од најголемите денови во мојот живот, затоа што конечно ќе можам да го кренам овој трофеј. Ќебидам многу горд на момчињата. Веќе околу еден месец сме шампиони. Како да се приближува Божиќ – знаете дека ќе добиете подарок, но сепак сте возбудени. Ќе биде специјално. Многу сум среќен што момчињата ќе го преживеат овој момент. Тие го заслужуваат тоа повеќе од било кој, рече Клоп.
Германецот ја коментираше и темата за трансферите. Досега Челси е еден од најактивните тимови на пазарот, а најзвучното засилување за „сините“ е Тимо Вернер, кој беше поврзуван и со Ливерпул.
– Јас сум целосно среќен со поставата со која располагам. Бев задоволен и минатата година кога сите ме мемолеа да го доведам во составот. Не го купивме поради свои причини. Не е се работи за тоа што разликата меѓу нас и Челси е 30 бода. Можете да го видите тоа на терен – нашите момчиња даваат се од себе. Не сум сигурен дека тоа може да се купи, вели менаџерот.
Ново на Сител
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија